25-годишниот Васил за „Ефимерида“: „Бевме во плиткото и морето одненадеж не повлече во длабоко“

Попладнево за грчките медиуми, за драматичното спасување проговори и Македонецот, кој вчера беше спасен од водите на Халкидики.

This image has an empty alt attribute; its file name is vasil-za-grcki-vesnik.jpg
„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, се се смени“, вели 25-годишниот Васил Брезовски за грчкиот портал Ефимерида.


This image has an empty alt attribute; its file name is vasil-brtezovski-1-jpg.jpg
„Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето“, изјавил тој, посочувајќи дека бил забележан од сурфер кој ја алармирал крајбрежната стража.

Извор: iefimerida.gr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …