25. ГОДИНИ БИЛЕ ВО СРЕЌЕН БРАК, А ПОТОА ЈА ДОЗНАЛА ШОКАНТНАТА ВИСТИНА: Светот и се срушил за миг!

Болно сознание
Неименувана жена забележала промена во однесувањето на нејзиниот сопруг, во смисла на претерана грижа за неговиот изглед. Таа видела дека тој е во средовечна криза. Отпрвин не била загрижена, се додека не нашла фотографии од многу помлада жена во неговиот мобилен телефон.
Ова е нејзината исповед:
Мојот сопруг вели дека јас сум виновна за неговата афера, но знам дека тоа се случи поради неговата средовечна криза. Го оставив после тоа, по 25. години брак.
Тој има 55, јас 54. Уморена сум да бидам негова сопруга со која „страда веќе долго време“.
Се’ започна кога наполни 50. години. Дотогаш бевме доста среќни, имавме неколку проблеми. Живеевме убав живот заедно. Но, одеднаш почна премногу да се грижи за својот изглед. Тој дури почна да истражува и теми за трансплантација на коса.
Потоа отиде во теретана, купи нова облека и – како што стана клише на средовечниот машки пол – реши да си купи скап спортски автомобил. Сето тоа ми беше прилично интересно додека не почна да се однесува мистериозно.

This image has an empty alt attribute; its file name is los-brak.jpg


Претчувствував афера.
Набргу потоа, фотографиите што ги видов во неговиот мобилен потврдија дека сум во право. Тоа беа фотографии од многу помлада жена. Отпрвин, тој негираше се, обидувајќи се да ме убеди дека тоа е негова пријателка од работа. Но, тој го сокри нејзиниот број под друго име така што се ми беше јасно.
Бев скршена од болка. Се чувствував толку изневерено. Да беше искрен, можеби ќе му простав, но наместо да ја признае вината, тој мене ме обвини за својата прељуба. Ми кажа дека тоа го направил затоа што не сум покажала интерес за него.
Очигледно не му го масирав доволно егото, додека другата жена направи да се чувствува секси, згоден и паметен.
Му реков дека сакам развод. Најдов гарсоњера и ги спакував куферите, но сега ме моли да не си одам. Признавам дека се чувствувам толку тажно, не знам како ќе го преболам сето ова, пренесува The Sun.

Фото: Илустрација/Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …