Славниот глумец објавил дека му е дијагностицирана тешка болест:„На виделина излезе ново…“

Актерот Џеф Бриџис на социјалните мрежи објавил дека му е дијагностициран лимфом.
“Како што би рекол Дуд, излезе на виделина ново срање… дијагностициран сум со лимфом. Иако станува збор за сериозна болест, јас имам среќа да имам одличен тим на лекари и прогнозата е добра. Почнувам со третман и ќе ве информирам за закрепнување”, напишала на социјалните мрежи ѕвездата на филмот Големиот Лебовски.


Тој се заблагодарил за поддршката и молитвите и ја искористил тешката ситуација за да ги потсети Американците да не заборават да гласаат на претстојните претседателски избори.


“Благодарен сум за љубовта и поддршката дадена од моето семејство и пријателите. Ви благодарам на сите за молитвите и добрите желби. И’ додека го имам вашето внимание, не заборавајте да гласате затоа што сите сме заедно во ова”, рекол тој.

Лимфомот е најчеста форма на рак на лимфното ткиво, кој игра голема улога во заштитата од инфекции, бидејќи е составен дел од одбранбениот систем на организмот. Тоа е еден од десетте најчести видови на малигни заболувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …