Двејн „Д Рок“ Џонсон и го разубави денот на обожавателка, кога за роденденот и испратил две шишиња текила.
Актерот (48) го лансираше својот бренд текила на почетокот на оваа година, па Двејн веројатно сметал дека е добра идеја да се донираат шишиња од овој пијалок на еден од неговите најголеми обожаватели.
Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадувања од ѕвездата, вклучително и персонализирана честитка за роденден.
Изгледа апсолутно воодушевена од својот подарок, а Двејн споделил симпатична снимка од Мери која позирала со шишињата додека го славела роденденот.
Давајќи и некој совет, Двејн и рекол на бабата дека 101. година „не е време за истрели“ и наместо тоа, таа треба само полека да ја пие текилата.
(ФОТО) Баба славела 101. роденден: Холивудскиот глумец и испратил шишиња текила!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.