(ВИДЕО) Дали почнува „светска непослушност“: Граѓаните стануваат против корона правилата!

Европа ги засилува мерките поради пандемијата на коронавирусот. Воведен е полициски час, се наредува носење маски. Расте бројот на заразени и починати.
Од друга страна, има и такви на кои не им се допаѓаат ограничувачките мерки воведени од властите за да се спречи ширењето на коронавирусот. Тие излегуваат на улица, демонстрираат и се судираат со полицијата затоа што не сакаат нова рунда на затворање на сè.
Слики од Прага го обиколија светот минатата недела. Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти кои нападнаа полицајци и фрлија кон нив шишиња, камени и други предмети. Најмалку 20. лица беа повредени во тие судири.
Илјадници луѓе присуствуваа на протестот, вклучително и љубители на фудбалот и хокејот, кои протестираа против мерките, вклучувајќи забрана за спортски натпревари и затворање на барови и ресторани.
Исто така е забрането да се собираат повеќе од шест лица, но е дозволено собирање до 500 лица, доколку се поделат во групи од по 20. и ако носат заштитни маски. Многу демонстранти не носеле маски.


Црногорците исто така се кренаа против владините мерки. Според Спутник, угостителите на Цетиње во понеделникот го блокирале кружниот тек кон Подгорица и Будва, во знак на протест против наредбата на Националното координативно тело (НКТ) со кое се затвориле угостителските објекти во тој град.
Како што рекле претставниците на угостителите, доколку НКТ не ја преиспита својата одлука, блокадите ќе следуваат секоја вечер од 19. до 21. часот.
Тие исто така предупредиле дека околу 2.000 луѓе ќе ја изгубат работата со затворање на локалите.


Среде полицискиот час, кој во Париз е во сила од неделата, поради новите мерки против пандемијата на вирусот корона, бил организиран непријавен протест против новите ограничувања.
Во регионот на Париз, како и во осум други француски региони, воведена е нова мерка за полициски час, која ќе трае од 21. до 6. часот наутро секој ден во следните четири недели.
Демонстрантите фрлиле канти за отпадоци на улицата, а по триесетина минути полицијата успеа да ги принуди насобраните да се разидат, пренесуваат француските медиуми.
Бунт против мерките за корона избувнал и во Велика Британија.
Борците против карантин се движеле по улицата Оксфорд, една од најпрометните улици за шопинг во светот. Демонстрантите сметаат дека ограничувањата наметнати поради ковид 19 се непотребни и претставуваат повреда на нивните човекови права. Некои се противат на носење маски и вакцинирање.
Некои од демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало: „Мое тело – мој избор, НЕ за задолжителните маски“.
Британските власти ги затвориле пабовите и баровите во областите на северот на Англија, додека ограничени собири имало во Лондон и други делови на земјата.

Извор: b92.net

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …