(ВИДЕО+ФОТО) ПОСЛЕ РАЗВОДОТ ОСТАНАЛЕ ПРИЈАТЕЛИ: Озчан Дениз и Фејзе Аткин заедно го прославиле вториот роденден на синот

 

Популарниот турски актер и музичар Озчан Дениз ги разнежнил обожавателите на социјалните мрежи со фотографии од неговиот 2-годишен син Кузи, кој вчера го прославил роденденот. Иако минатата година се разведе од 24.годишната сопруга Фејзе Аткин, судејќи според фотографиите на Инстаграм, парот изгледа дека останал во добри односи. Поточно, Фејзе споделила роденденска фотографија на Озчан и нивниот 2-годишен син.


View this post on Instagram


İyi ki varsın benim can oğlum..

A post shared by Feyza Aktan (@_feyzaaktan_) on


Гордиот татко на социјалните мрежи исто така споделил фотографии и видео на двегодишникот, а под објавите се појавиле бројни коментари од неговите обожаватели.

Да потсетиме дека единствениот услов заразводот било заедничкото старателство над нивниот син, што е исполнето. На Фејзи, и припаднала луксузна вила во истанбулската населба Зекеријакши. И додека турските медиуми очекувале јавна војна на партнерите, тоа не се случило. Тие излегле заедно на суд, и откако ги потпишале документите за развод заедно излегле прегрнати. Озчан исто така на Фејзи ќе и плаќа по 1.800 евра месечно и околу 450 евра за синот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …