Зимски извиднички камп 2024

Во организација на Првиот извиднички одред-Скопје, во периодот од 17-21 јануари 2024 година традиционално ќе се спроведе зимски камп за извидници. Оваа зима се оди во планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка. Пет дена нашите извидници ќе имаат можност да уживаат во многу зимски активности, предизвици, игри и полагања вештини.

Планинарски дом „Смрека“ е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, Шар Планина. До него се стигнува преку добар 20-км асфалтен пат од градот Тетово. Со домот управува планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со купатилa, а останатите соби имаат заеднички бањи (една бања на секои три соби). Домот се затоплува со централно греење на дрва и располага со голема трпезарија – простор кој го користиме покрај јадење и за активности и кујна во која извидниците волонтери сами ја подготвуваат храната.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …