Зимата „не се дава“: Нестабилно време и поинтензивни врнежи

Под влијание на моќниот циклон ХЕКТОР во текот на денот и ноќта најпрвин на запад а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места особено на запад ќе наврнат околу па и над 20 л/м2 воден талог.
Локално особено во западната половина од државава ќе има услови за разво на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
На високите планини од западот ќе има врнеже од снег.
Ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека ќе има поинтензивни врнежи се очекува понатамошно зголемување на нивоата на езерата и на реките во државава како и на водотеците па така можно е и локално нивно излевање па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Најновите изгледи на метеоролошките модели укажуваат на тоа дека барем засега зимата нема да ни замине поради тоа што веќе во текот на следната недела голем дел од Балканскиот Полуостров ќе го покрие снег.
Освен на повисоките места и на планините, снег ќе врне и на пониските места особено во Хрватска, Словенија, Босна, Црна Гора како и соседна Србија.
Снежната покривка на повисоките места и на планините во овие држави би можела да надмине половина метар.
Најновите анализи укажуваат дека зимата нема да ја одмине ниту Македонија каде од средината на следната недела ќе има големо заладување, северен ветер и врнежи од дожд и снег како и формирање на снежна покривка, најавуваат од .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …