Животна драма: Поради ретко генетско заболување ќе останела без четирите родени деца!

Генетскиот химеризам е ретка појава кога личноста е родена со делови од телото кои всушност припаѓаат на неродениот близнак…
Лидија Ферчајлд се шокирала кога дознала дека не е биолошка мајка на своите деца, иако ги родила сите четири. Притоа морала да се брани од немилосрдната бирократија откако била обвинета за измама на социјалното и илегално сурогатство.
Таа направила ДНК тест по разводот од сопругот, но тестирањето покажало дека таа не е мајка на своите деца.
Социјалната помош ја обвинила за обид за измама на системот за помош, и за илегално носење на туѓо дете. Иако сведоци од службата присуствувале на породувањето, верувале дека таа е сурогат мајка на некој трет.
„Знам дека ги носев, и знам дека ги родив. Немав никаков сомнеж“, изјавила Лидија која додала дека плачела додека на вечера седела со нејзините деца.
„Само ме гледаа и ме прашуваа ’што не е во ред’. Ќе дојдеа до мене да ме гушнат, а јас не можев да им објаснам бидејќи ни самата не разбирав“, додава мајката.
По три рочишта нејзиниот адвокат се сетил на сличен случај во кој детето немало ДНК кој се соодветствува со мајката, бидејќи мајката била „химера“.
Генетскиот химеризам е ретка појава кога личноста е родена со делови од телото кои всушност припаѓаат на неродениот близнак.
Откако нејзиниот адвокат побарал дополнителни тестови, судот утврдил дека таа навистина има химеризам, по што сите обвиненија биле отфрлени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес поплдне особено во западните и во југозападните предели од …