Скандал во Будва: Ален Исламовиќ и Тифа се степале!

Пејачите на групата „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа се степале во Будва, после новогодишниот концерт на една од најпопуларните југословенски групи, пренеле подгорички Вијести.
Според наводите на порталот на весникот, тие двајца прво вербално се судриле, што довело до туркање а потоа и’ до тепачка.
Вијести пишуваат дека Војичиќ бил лут бидејќи Исламовиќ испеал две песни кои биле наменети за него.
Сведоците на инцидентот тврдат дека Тифа минал полошо во дуелот, додека Горан Бреговиќ не сакал да се меша во нивната пресметка.
Вијести наведуваат дека повеќе од 20.000 луѓе ја дочекале Нова година во Будва.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …