Масимо Савиќ открил зошто одбил да биде пејач на „Бијело дугме“

Кантавторот Масимо Савиќ со години е во врвот музиката на просторот на поранешна Југослација. Секаде прифатен со овации, уште од осумдесеттите кога бил член на „Доријан Греј“. Успешната соло кариера ја одржува повеќе од две децении. Зад него се големи концерти, хитови и настапи ширум регионот и светот, а ретко кој знае дека требало да биде пејач на легендарниот сараевски бенд „Бијело дугме“.
Фронтменот на бендот, Горан Бреговиќ, кон крајот на осумдесеттите му понудил на Масимо Савиќ да го наследи Ален Исламовиќ.
„Не сум баш сигурен, мислам дека беше во 1989. година. Неговата соработка со Ален Исламовиќ се завршуваше и Бреговиќ имаше идеја ние двајца да бидеме напред со две гитари, пред бендот. Едно поинакво ’Дугме’“ открил кантавторот од Истра.
Понудата ја одбил поради повеќе причини.
„Имаше различни причини, но еден од најбитните е тој што мене ми беше добро и сам. Само што почнував со Зринко Тутиќ, го правевме ’Странец во ноќта’ која и денес е култ. Не сакав да го згаснам тој голем труд“ објаснил Масимо признавајќи дека некаде сепак жали што не бил дел од славата на „Бијело дугме“ која трае и денес.
„Не ми е жал за искуството, а архивски ми е жал што нема еден таков двоец во музиката“ навел славниот уметник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …