ЖИВОТ – МУ СЕ ЈАВИЛА ПРЕУБАВА НО И ФАТАЛНА УКРАИНКА: Размениле 800. пораки а потоа се случил НЕЗАМИСЛИВ УЖАС!

Олга и нејзината ќерка требало да слетаат на аеродромот во Единбург, а на Колин му опишала со што се и двете облечени за полесно да ги препознае.
Кога Британецот Колин Ор (40) преку веб-страница за запознавање ја запознал украината Олга Марченко, тој помислил дека тоа е љубовта на неговиот живот.
Тој и Украинката размениле повеќе од 800. електронски пораки, илјадници пораки на WhatsApp, бројни телефонски повици и фотографии.
За време на нивната врска, Колин на 32-годишната Олга и испратил и пари кои и биле потребни за да ја издржува својата ќерка, со која живеела во украинскиот град Луганск.
После неколку месеци ‘онлајн’ врска, Олга му признала дека би сакала да живее во Единбург со него. Колин веднаш отишол во Вестерн Унион и и ги испратил парите, но кога дошло време конечно во живо да ја види избраничката на неговото срце, тој бил длабоко разочаран.
Олга и нејзината ќерка требало да слетаат на аеродромот во Единбург, а на Колин му опишала со што се и двете облечени за полесно да ги препознае. Но, кога дошол на аеродромот да ги земе, двете не излегле од авионот, кој пристигнал од Украина.
Колин помислил дека нешто и се случило на Олга, па го пријавил нејзиното исчезнување во полиција. Сепак, полицијата му открила дека лицето под тоа име живее надвор од Велика Британија, и дека таа не исчезнала.
Тогаш Колин сфатил дека фаталната Украинка го измамила поради 1.600 фунти (околу 2.000 евра) што тој и ги испратил за време на нивната врска.
„Секако, најпрво мислев дека можеби е измама. Но, по сите пораки, повици и сè што поминавме заедно, помислив дека конечно најдов некој за себе“, рекол тогаш 40-годишникот.
„Ако можев да разговарам со неа, само би ја прашал зошто токму јас. Зошто од милион други мажи избра работник од средна класа за да украде од него. Работев напорно и добив хернија, поради што морам да одам на операција, и сето тоа затоа што сакав да им помогнам на неа и на нејзината ќерка“, рекол Колин, кој сакал да го искористи својот пример за да ги предупреди другите луѓе да не им веруваат на сите што ќе ги сретнат на Интернет, и покрај тоа како тие се претставуваат.
Иако од тогаш поминале три години, Колин сè уште е слободен и сè уште ја бара својата сродна душа. Во моментов работи како готвач и се чини дека е многу добар во таа работа затоа што има и свој курс.

Фото: Илустрација за девојката


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Две години без нашата уметница Андријана Мациев

Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година во Скопје. Средно образование завршила во …