Овој чај е идеален за спречување на вирусни респираторни инфекции
Кахетините во зелениот чај го спречуваат ширењето на вирусот во горниот респираторен систем создавајќи заштитна бариера во грлото, покажува најновото истражување на научниците објавено во European Journal of Nutrition. Епигалокатехин галат, како главна компонента на катехинот од чајот, има антивирусно дејство, физички се врзува за вирусите и ги отстранува од горниот респираторен систем.
Истражувањата покажуваат дека гаргарањето на зелениот чај и консумирањето катехини од чајот е релативно едноставен и ефикасен начин за спречување на ширење на вирусни респираторни инфекции.
– Епигалокатехин галат и епигалокатехин се врзуваат за хемаглутинин на површината на вирусот, а потоа и за невроаминидазата, со што се спречува фаќањето на вирусот до површината на клетката, а со тоа и инфекцијата со грип. Според доказите, епигалокатехин галат, кој е клучна компонента на чајните катехини, обезбедува ефикасна заштита од вируси на грип и аденовируси, а може да заштити и од респираторни инфекции предизвикани од други вируси, според објавените резултати од истражувањето.
Резултатите од оваа научна студија спроведена во Јапонија и САД покажуваат дека колку е поголема дневната потрошувачка на катехини, толку поизразени се превентивните ефекти врз ширењето на вирусните респираторни инфекции. Истражувањата покажуваат дека гаргарањето на зелениот чај и консумирањето катехини од чајот е релативно едноставен и ефикасен начин за спречување на ширење на вирусни респираторни инфекции.
Студијата заклучува дека воведувањето на потрошувачката на катехин од чајот или гаргарањето на зелениот чај во секојдневната рутина може да биде одлична нефармацевтска интервенција во спречувањето на вирусни респираторни инфекции.