(ФОТО) Француската икона ја критикувала Мадона: „Како може да се погледне во огледало?“

Како гостинка во емисијата „Sept à Huit“, француската актерка и поранешно заштитно лице на Шанел, Керол Букет (64), зборувала за естетската хирургија, а ја искористи приликата да ја критикува поп-пејачката Мадона.
„Кога ги гледам оние луѓе кои подлегнале на козметички зафати и кога овие интервенции се малку забележани на личноста, секогаш помислувам – ‘можеби’. Но проблемот е што тоа секогаш се гледа и не можеш а да не го забележиш. Значи – ништо од тоа“, вели Букет.
Тогаш актерката го искористила примерот на естетските корекции на Мадона за да ги поткрепи нејзините зборови со докази.
„Извинете, но ги видов фотографиите на Мадона и ме фати паника, ме исплаши. Како може да се погледне во огледало наутро? Тоа не е таа. Тоа е некој друг”, вели Карол, која не го крие шокот од физичкиот изглед на Мадона.

This image has an empty alt attribute; its file name is karol-buke-1.jpg


„На жените не им е лесно да се соочат со стареењето, но тоа е дел од животот“, вели Букет, додавајќи дека таа лично нема намера да оди на естетска хирургија за, како што вели, „да го врати времето назад“.
Да потсетиме, Керол Букет има глумено во повеќе од 40. филмови, а ќе остане најпозната по улогата на девојката на Бонд. Покрај споменатата улога, Керол ги освои срцата на публиката и со улогата во меѓународно успешната драма-комедија Trop belle pour toi (1989). Улогата и ја донесе и наградата Цезар за најдобра актерка

Фото: Принтскрин/Sept à Huit.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …