Задоволствата е скапа работа: Еве колку чини гостувањето на Наоми Кембел во Белград!

Анонимен богаташ од Белград посакал на својата забава да ја има првата црна манекенка која го свртела вниманието на јавноста

Британскиот супермодел е гостин на приватна журка во Белград. Црномурестата газела и прва црнкиња која се нашла на насловната страна на франускиот „Вог“ за тоа ќе добие хонорар од 250.000 евра.
Славниот британски супермодел, Наоми Кембел (47) вчера попладне допатувала во Белград, Србија. Таа била главна гостинка на приватна журка во Белград во „Белекспо центар“, а доаѓањето во српската престолнина „дебело“ го наплатила.
Иако во Белград останува само еден ден, црномурестата газела и прва црнкиња која била на насловната на француски „Вог“ за тоа ќе добие хонорар од 250.000 евра.
Наоми која модните скаути ја откриле додек како 15. годишна ги разгледувала излозите во Лондон, во Србија пристигнала на покана на Бранко Бабиќ, кој минатата година во Белград ги донел Париз Хилтон и Ален Делон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …