Сами го создаваме светот во кој живееме, кога се чувствуваме лошо, зависи од нас. Кога сме добро, зависи од нас. Понекогаш само треба да го промените аголот на гледање на животот и се’ си доаѓа на свое место…
Еднаш, еден незадоволен млад човек дошол кај еден стар учител и му рекол дека има многу проблеми во животот и го прашал за совет. Стариот учител му рекол да стави грст сол во чаша вода и да ја испие.
„Дали ти се допаѓа?”, прашал учителот.
„Грозно е’, одговорил младиот човек.
Учителот се насмеал, а потоа му рекол на младичот да земе уште еден грст сол и да ја стави во езерото. Тие во тишина оделе до блиското езеро и ученикот фрлил грст сол во езерото.
Старецот рече: „Сега пиј малку вода од езерото“.
Тогаш учителот го прашал: „Како ти се допаѓа?
„Добро е“, рекол младиот човек.
„Дали има вкус на сол?“, прашал учителот.
„Не!“, одговорил младиот човек.
Учителот седнал до младиот човек и рекол: „Животната болка е оваа, ни повеќе, ни помалку. Количината на болка во животот останува иста, потполно иста. Но, чувството на болка што го доживуваме зависи од садот во кој ја ставаме“.
„Сето тоа е прашање на гледање на животот. Ако се фокусираме на негативните работи во животот, болката ќе стане уште поголема, ако се фокусираме на убавите работи, ќе чувствуваме помалку болка. Престани да бидеш чаша. Стани езеро“.
Фото: Илустрација