За празниците невообичаено топло време за јануари, но и магла

Сабота ќе биде натросечно топол јануарски ден. Адвекцијата на топол воздух заради јужното струење пријатно ќе делува на повисоките места каде ќе биде во комбинација со сончево време. Но, ова нема да важи за љубителите на скијањето, бидејќи оваа метео состојба ќе значи и лоша состојба на снегот на ски патеките.
Ама од друга страна пак, уште полошо ќе биде низ колините, бидејќи во вакви метео услови загаденоста ќе биде со сигурност над дозволените граници.
Низ котлините ќе има појава на онаа препознатлива заматеност, а локално и појава на ниска облачност.
Минималната температура во поголем дел од населените места низ котлините ќе има вредности помеѓу -4°С и 0°С , додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -6°С и -4°С.
Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 6°С и 8°С во котлините од северниот регион, а долж југот на повардарето, југозападниот крај, како и повисоките населени места во осоговскиот и малешевскиот крај се очекува температура со максимална вредност помеѓу 11°С и 13°С.
Скопската котлина очекува мала до умерена обланост во текот на денот. Температурата ќе има минимална вредност околу -2°С, а максимална вредност околу 7°С.
Во секој случај искористете го убавото време на повисоките места во текот на деновите сабота и недела, бидејќи состојбата со натпросечно топлото време ќе продолжи и во текот на наредната недела, а тоа ќе значи застојан и загаден воздух по котлините.
Наредната работна недела ќе измине во значително пооблачно време, но без изгледи за врнежи најавуваат од meteopro.mk.
Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае кај граѓаните па така кај дел од граѓаните посебно кај метеопатите, но и кај дел од обичните граѓани. Можна е појава на главоболки, болки во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза како и несоница како и тежина на главата и на телото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …