Последниот ден од календарската есен, среда – 20.тти декември ќе биде повеќе сончев отколку облачен. Мала до умерена облачност се очекува само во северниот дел од земјава.
Она што е позначајно за оваа среда е студеното време.
Минималната температура насекаде ќе биде негатвна и со вредности помеѓу -6°С и -1°С во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу –12°С и -8°С.
Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 1°С и 3°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 4°С и 6°С. На повисоките населени места во земјава температурата во текот на целиот ден останува со негативна вредност, односно со максимална вредност помеѓу -5°С и 0°С.
Скопската котлина очекува промеливо време, односно мала до умерена облачност со подолги сончеви периоди. Температурата ќе има минимална вредност околу -6°С, а максимална вредност околу 2°С најавуваат од meteopro.mk.
Времето денес: Сончево но „со заби“!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.