(ФОТО) Холивудската легенда се жени со 34. години помлада девојка!

Своевремено бил женет со преубавата Синди Крфорд но бракот траел само две години…
Седокосиот заводник денес има 68. години.
Веќе ви е јасно дека станува збор за глумецот Ричард Гир, кралот на американските романтични комедии кој досега љубел бројни убавици.Најпозната,секако, била Синди Крафорд која и ден денес е една од најубавите жени на светот, а во време на врската со Ричард Гир била и еден од најпознатите топ модели во светот.
Да потсетиме, двојката била заедно шест години, а се венчале во 1991. година во Лас Вегас а службено се разделиле во 1995. Во едно интервју во 2016. година убавицата открила дека таа и Ричард не се во никакви односи и дека има чувство дека тој и е потполн странец.
„Бев толку млада тогаш, но мислев дека сум возрасна. Мислам дека никогаш не бевме пријатели“.
Извесно време се шушкало дека тој брак никогаш и’ не бил конзумиран и дека убавата Синди Крафорд е само параван за неговите хомосексуални склоности иако тоа никогаш не било докажано.
И тој после пропаднатиот брак само уште еднаш застанал пред олтар, со глумицата Кери Ловел со која има син, но повторно се развел во 2013., после 11. години брак.
И’ после тоа глумецот продолжил да освојува млади убавици па се чини дека 68. годишниот глумец и понатаму го има „она нешто“ на што своевремено паднале и Ким Бесинџер и Присила Пристли, но тоа сепак биле само куси афери.
Последната која потклекнала е 34. годишната публицистка од Шпанија, Алехандра Силва, а се шушка дека потклекнал и глумецот и тоа буквално бидејќи Алехандра не се одвојувала од дијамантскиот прстен на левата рака.
Вчера го прошетала и во шпанскиот сенат кој го повикал Ричард Гир, како почесен гостин, поради неговата хуманитарна организација „Rais“ која им помогнува на сиромашните и немоќните, а на прашањето на новинар можно ли е во 2018. година да се очекува нивната венчавка, кусо одговорил:„Можно е“.Можеби за Ричард тоа навистина ќе биде трета среќа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …