Во вторник во НОБ балетската претстава „Дамата со камелии“

Во вторник, 22 октомври, 2019 г. со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.
„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.



Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.
Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Иван Еминовиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …