Даниел Данн има нова песна – „Завртив круг“

Поп-пејачот Даниел Данн на фестивалот „Макфест“ викендов ја промовираше својата нова песна, „Завртив круг“. Музиката за песната во брз ритам ја напиша Анастасија Габроска, а текстот и аранжманот се на Кристијан Габроски.


„Соработката се случи многу спонтано. После еден од моите настапи во Скопје добив порака до Габроски дека одлично си поминал и дека би сакал да соработуваме. Предизвикот веднаш го прифатив, а ‘Завртив круг’ ја снимивме во текот на летото. Мислам дека песната што ја испеав на ‘Макфест’ има потенцијал да стане радиски хит и се надевам дека токму тоа и ќе се случи“, вели Даниел.

Фото: Томи Трајчев


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …