Во Прилеп се одржува манифестацијата „Од 0 до Култура“

Во организација на „Прилеп Култура“ од 22.06 до 24.08.2023 година во Прилеп се одржува манифестацијата „Од 0 до Култура“. Настанот се одржува на камената бина пред споменикот на Александар Македонски.

Станува збор за мошне интересен проект, за како што вели организаторот музичко и културно описменување на граѓаните на Општина Прилеп, како и презентација на млади музичари од општината и Р. Македонија и нивна промоција.


Проектот е осмислен на локални млади музичари или пак локални веќе етаблирани бендови да им даде за задача да направат програма во времетрање од 90 – 120 минути со песни од светската популарната поп и рок култура. Реализатор на проектот е Општина Прилеп.

Во рамките на манифестацијата досега свој настап имаа Crossroad, No Cigarettes, The Four, Rock Blues Band, The Schmucks, The Hounds и Алекса Петрески & band.


Утревечер на 10 август со почеток во 21.00 часот свој настап ќе имаат The Doctors, а следните два четвртока се резервирани за Lock Down (17 август) и The Dreamers (24 август).

Одличен настан кој се надеваме ќе биде традиционален и кој задолжително треба да се посети.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …