Во изминатите 24. часа во Македонија се потврдени нови 25. случаи на Ковид-19: Вкупната бројка на дијагностицирани е 1.817, оздравени се 8. лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 628, активни 152
•    Куманово – 416, активни 31
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-36, активни 2
•    Прилеп –200, активни 63
•    Тетово – 147, активни 79
•    Струга – 70, активни 4
•    Велес – 121, активни 50
•    Битола –27, активни 8
•    Охрид –21, активни 6
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –19, активни 2
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 4
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 1

Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …