Додека Мартин се простувал од татко му, Весна Вучиќ открива што правела во самоизолација:„Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти!“

Не е важно кој е популарен или анонимен, секој човечки живот исто вреди, мора да се покаже заедништво во ова зло кое се надвисна над човештвото. Таа солидарност, таа ситуација кога сме исти во болката, најдобро се гледаше на Инфективната клиника каде што престојував…
Сопругата на нашето познато тв лице Драган Вучиќ кој ја загуби битката со корона вирусот, Весна, за првпат јавно проговори за тешките денови откако даде интервју за Фокус.

„Мартин и неговата сопруга, блиски луѓе и пријатели, отидоа да го испратат Драган на последното патување. Во тоа време, додека траеше по гребот, излегов на прозор.
Под прозорот се собрале моите добри другарки, моите драги личности кои во едни вакви услови, нови за целото човештво, на свој начин ми ја дадоа својата поддршка и ми покажаа дека се покрај мене.
Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти, додека син ми го погребуваше својот татко, ако ги немав нив, да ме утешат.
Истиот ден, неколку часа по погребот, мојата состојба се влоши, ми се појавија проблеми со дишењето. Бев префрлена на клиника, каде лекарите и целиот медицински персонал ми ја даде потребната нега, но и поддршка која ми беше потребна во тој период.
Останав на клиниката седум дена, состојбата ми се подобри значително откако добив плазма од пациент излекуван од Ковид 19, и по два негативни теста бев пуштена дома.
Пропишана ми беше 14 – дневна изолација, и сум во добра здравствена состојба. Физички добро, но емотивно скршено“, раскажува Весна за Фокус.


„Не е важно кој е популарен или анонимен, секој човечки живот исто вреди, мора да се покаже заедништво во ова зло кое се надвисна над човештвото. Таа солидарност, таа ситуација кога сме исти во болката, најдобро се гледаше на Инфективната клиника каде што престојував.
Во исто време, таму беше сместена млада жена од Липково, Аида, која беше позитивна на вирусот, а го очекуваше раѓањето на своето бебе. Исто така и Елена, и таа позитивна, со штотуку родено бебе, кое за среќа беше негативно“, ијзави Весна Вучиќ за Фокус.


Откако излезе интервјуто на социјалните мрежи истото го сподели нивниот син, инаку исто така наш познат музичар Мартин Вучиќ кој упати емотивна порака:
„Мојата Мајка лавица, за мојот идол, поддршка и патоказ низ животните предизвици! Ве сакам најмногу“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …