Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ПОГЛЕД ОД МАНСАРДА“ ОД СВЕТЛАНА АНТИЌ ЈОВЧЕВСКА

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Поглед од мансарда“ на Светлана Антиќ-Јовчевска, која содржи повеќе од триесет текстови – есеизирани приказни, објавувани како колумни во порталот „Сутерен“ во 2020 и 2021 година. Тоа се записи на разновидни теми од секојдневието, но индиректно се чувствува тегобната карантинска атмосфера поради пандемијата со ковид-19, кога и се пишувани текстовите.
Светлана Антиќ-Јовчевска (1960) е дипломиран новинар, која работела за повеќе редакции („Нова Македонија“, МРТВ, „Утрински весник“, „Дневник“, МИА, Радио Слободна Европа, „Вечер“, Радио Дојче веле).


This image has an empty alt attribute; its file name is Pogled-od-mansarda_KORICA_predna.jpg
„Поглед од мансарда“ е нејзина петта книга. Автор е и на книгите „Патот на вистината“ (сведоштва за воениот конфликт и егзодусот во Кумановско, 2001), публицис¬ти¬ка – 2004 г, на збирката раскази „13“, 2005, „Ликот од огледалото“, 2009, како и на фрагментарниот роман „Молчи и танцувај“, 2020 година. Добитник е на Ноемвриска награ¬да на Општина Куманово за 2015 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …