Викендов конечно малку снег

Во текот на овој јануарски викенд очекуваме облачно време, кое в сабота ќе резултира со локален дожд, додека в недела на повеќе места ќе има врнежи од слаб снег.
Сабота ќе биде облачна во текот на целиот ден. Слаби локални врнежи од дожд очекуваме рано наутро и тоа во западниот крај. Остатокот од денот ќе измине речиси без врнежи. Дури навечер во околината на Гевгелискиот регион може да се очекува слаб дожд.
Во текот на денот ќе дува слаб североисточен ветер.
Утрото ќе биде топло, барем за јануарски „стандарди“. Минималната температура ќе има вредности воглавно помеѓу 1°С и 5°С
Температурата ќе биде речиси индентична на петочната, односно максималната ќе биде помеѓу 5°С и 7°С во котлините од северниот регион, а долж југот на повардарето, југозападниот крај, како и повисоките населени места во осоговскиот и малешевскиот крај се очекува температура со максимална вредност помеѓу 8°С и 10°С.
Метеоролошки гледано, недела би била „поинтересна“. Иако споменавме дека се очекува снег во текот на овој ден, сепак не треба да се очекуваат некои значајни врнежи. Рано наутро повремени врнежи од дожд ќе има во југоисточниот крај.
Околу пладне облачната маса над земјава ќе се зголеми. Врнежите од оваа облачност ќе се интензивираат доцна попладне приквечер и тоа повеќе во крајите западни и крајните источни делови од земјава. Навечер врнежите и на пониските места ќе преминуваат во врнежи од снег. Во текот на ноќта кон понеделник во североисточниот крај висината на снежната граница ќе се спушти до околу 300 метри, во централниот крај до околу 500 метри, додека во југозападниот крај снежната граница ќе биде до 900 метри.
Температурата наутро ќе има минимална вредност помеѓу -4°С и 1°С.
Дневниот температурен максимум ќе има вредност помеѓу 2°С и 4°С во северната половина од земјава додека во јужната помеѓу 3°С и 6°С најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …