(ВИДЕО+ФОТО) За време на снимањето на „Сутјеска“, Ричард Бартон на војниците на СФРЈ им понудил облог што ретко кој го добивал!

Актерот Ричард Бартон водел живописен и турбулентен живот. Зад себе остави голем број анегдоти, од кои една е поврзана со Југославија и времето кога овде ја снимаше „Сутјеска“ и го глумеше Јосип Броз Тито.


Познатиот актер седум пати беше номиниран за награда од Американската филмска академија за глума, но никогаш не ја освои и покрај тоа што одигра голем број, денес култни, улоги.



Една од нив, значајна за луѓето од овие простори, секако е онаа на Јосип Броз Тито во филмот „Сутјеска“, чиј режисер беше Стипе Делиќ.

Во текот на целото снимање на култниот филм, актерот и неговата сопруга, актерката Елизабет Тејлор, биле личен гостин на човекот што тој го глумеше – Маршал Тито. Но, покрај тоа што уживаше во сите погодности на ВИП статусот во Југославија, Бартон сакал и да оди меѓу народот, да се дружи и да се забавува со „обичните“ луѓе.


„Сутјеска“ е снимена во 1973 година, по повод триесетгодишнината од истоимената битка, во Националниот парк Сутјеска. Резервистите на тогашната ЈНА на снимањето биле статисти и имале можност лично да се запознаат со холивудската ѕвезда и да се дружат со неа.
Некои од нив подоцна рекле дека никогаш порано не виделе човек кој може да испие толку многу. Бартон, откако го завршил работниот ден на сетот, на некои им понудил облози – во испивање жестоки пијалоци.



Оние кои прифатиле двојно зажалиле. Прво, немале шанси да победат бидејќи Бартон бил „како сунѓер“. Второ, доколку командантот ги фатил пијани, им се заканувале со воен суд, пишува Historical Entertainer.
Проблеми имало и со Бартон. Бата ​​Живојиновиќ подоцна изјавил дека актерот на сетот доаѓал подготвен, но дека до пладне ќе бил толку пијан што не можел да стои.
„Снимавме многу сцени така што кадарот беше до половината, а потоа некој ќе го држеше за нозе за да не падне. Во една сцена тој се ниша толку многу што дури и јас го држев околу половината“, рекол легендарниот актер.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …