(ФОТО) На премиерата на „Гучи“: Два најдобри холивудски носови а со нив и Џаред Лето

Првата премиера на „Куќата на Гучи“ беше официјално одржана синоќа во Лондон, а на црвениот тепих се појавија водечките ѕвезди на филмот, меѓу кои и поп-пејачката Лејди Гага, која ја игра Патриша Регани, вдовицата на славниот Маурусио Гучи.


Во еден момент, на црвениот тепих на Гага и се придружил нејзиниот партнер во филмот, актерот Адам Драјвер, кој го толкува ликот на покојниот Маурицио Гучи. Додека Гага позирала со него, на црвениот тепих во исто време биле и другите две ѕвезди од филмот, Џаред Лето и Селма Хаек.
Сепак, она што особено ги фасцинираше фановите на Адам и Гага се нивните носеви од профил.

Во крајно позитивен контекст, без момент на иронија, обожавателите ги пофалиле Гага и Адам кои не направиле пластична операција за да го „скратат“ носот и да се прилагодат на холивудските стандарди, туку покажале дека несовршеностите и разликите можат да бидат убави и сосема соодветни.
„Двата најдобри носови на Холивуд и Џаред Лето“, гласи еден од твитовите.
„Нивниот профил“, напишал еден корисник на Твитер со истата фотографија и емотикон со срце.
Гага на црвениот тепих пристигнала во виолетова, лелеава тоалета на Гучи. Со руса коса и црни чизми пејачката и актерката се прошетала до салата во која е одржан филмот.

„Долгоочекуваното враќање на Лејди Гага на филмското платно изгледа магично“, навел Huffpost во својата прва рецензија за филмот.
Магазинот Esquire наведува дека филмот носи драма, сјај, гламур и спектакл и дека Гага сигурно ќе добие втора номинација за главна актерка во филмот.


Ова ќе биде втора главна улога за Лејди Гага во филм. Таа веќе ја доби номинацијата за најдобра главна актерка со учеството во филмот „Ѕвездата е родена“ со Бредли Купер.
Во главните улоги се и Ал Пачино, Салма Хаек и Адам Драјвер.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бројни реакции – Брус Вилис снимен во Лос Анџелес: Изгледал дезориентиран, глетката ги растажила обожавателите

Брус Вилис е снимен во Лос Анџелес. Актерот делувал дезориентирано поради битката со афазија и …