(ВИДЕО+ФОТО) Турските ММА борци се херои на Виена: Им помогнале на жена и ранет полицаец

Двајца турски ММА борци кои живеат во Виена преку ноќ станаа медиумска тема кога скокнаа да им помогнат на една жена и полицаец за време на смртоносниот терористички напад.
Макаил Озен и Реџеп Гултекин, како што јавија австриските медиуми, накратко се појавуваат во вирално видео што е снимено за време на синоќешното пукање.


На снимката се слуша како Озен вика на турски „засолниште“, додека се обидувале да се засолнат зад бетонскиот влез во метрото. Цело време куршумите летале околу нивните глави.
„Старицата одеше кон местото каде што започна судирот. Кога ја видовме ја запревме и ја симнавме по скалите. Ја одведовме на сигурно. Потоа се вративме на станицата, видов ранет полицаец“, изјавил Озен за турскиот весник Хуријет.
Во тој момент полицијата веќе брзала кон станицата. Еден напаѓач успеал да го запре налетот на тројца офицери, од кои едниот бил ранет.
„Отидовме во полицискиот кордон и им кажавме за терористите, едниот имаше шамија и пушка. Тие беа на само пет метри од нас“, изјавија за медиумите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …