(ВИДЕО+ФОТО) ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА: „Дрво на животот“ на остров од сол среде Мртво море

Во најсоленото море во светот има дрво, каде што флората и фауната се практично невозможни.
Мртвото Море е познато по фактот дека не е можно да се одржи каква било форма на флора или фауна во него, туку дека таму преживуваат само некои видови микроорганизми.
Меѓутоа, недалеку од плажата во Ајн Бокек, израелско летувалиште во близина на Арад, се наоѓа солен остров, кој покрај својата нереална природна форма на сол опкружен со тиркизна вода, е препознатлив и по дрвото што расте таму.


View this post on Instagram

A post shared by Arte Piedi (@artepiedi)


Дрвото не пораснало тука, туку било засадено од локален уметник како дел од проект кој ги прикажува промените на Мртвото Море и неговото сушење поради климатските промени.
Секој втор ден, уметникот веслал до островот и додавал кал со минерали.


На тој начин, тој сакал да биде сигурен дека дрвото ќе ги добие сите хранливи материи потребни за да преживее во оваа исклучително тешка средина.

Во меѓувреме, дрвото станало вистинска туристичка атракција, па секој што се упатува кон Мртвото Море не ја пропушта можноста да се фотографира покрај него. Сепак, до овој остров е тешко да се дојде, бидејќи се наоѓа на 300 метри од крајбрежјето, а единствениот начин да стигнете таму е пливање или веслање од плажата Нева Зохар, што воопшто не е лесно.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …