Разрешен директорот на Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната  установа Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”-Скопје, поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, врз основа на член 33, став 2 од Законот за културата.

По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките.


Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа,  Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”-Скопје пред истекот на мандатот.

До избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …