(ВИДЕО+ФОТО) Џејми Ли Кертис: „Гледав како нашиот син станува – наша ќерка!“


Актерката Џејми Ли Кертис првпат јавно проговорила за својата трансродна ќерка.
„Гледав со восхит и гордост како нашиот син станува нашата ќерка Руби“, рекла Џејми Ли Кертис во интервју за списанието AARP.

https://www.instagram.com/p/CR4pwe6s3xb/


62-годишната актерка со сопругот Кристофер Гест има две ќерки, Руби (25) и Ена (34).
Џејми Ли Кертис, исто така, открила дека таа и Гест, најпознат по режијата и глумењето во комедии како „Најдобри во шоуто“ и „Моќен ветар“, наскоро ќе добијат зет.
Таа изјави дека Руби „и нејзиниот свршеник ќе се венчаат следната година“, како и дека Џејми Ли Кертис ќе го венча овој пар.

https://www.instagram.com/p/CR6UShtDdeo/


Џејми Ли Кертис и Гест ги посвоија своите две ќерки како бебиња. Холивудскиот пар е во брак повеќе од 36. години.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Американската актерка Сали Киркланд починала по долга борба со здравствени проблеми

Американската актерка Сали Киркланд починала на 84-годишна возраст, по кратка хоспитализација и долготрајна борба со …