МЗ:Во образованието досега се вакцинирани околу 58% од вработените и 60% во градинките

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше гостин во вестите на Канал 5 телевизија каде истакна дека бројот на случаи расте и дека најмногу активни случаи во земјата во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, но дека состојбата засега е сеуште стабилна.

„Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период. Досега се вакцинирани околу 510.000 граѓани а од нив 380.000 се веќе ревакцинирани. Процентуално 63% од населението над 70 години е вакцинирано, во секторот образование досега се вакцинирани околу 58% од вработените и околу 60% во градинките. Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште” – изјави Филипче.


Министерот истакна дека секој вакциниран граѓанин придонесува до создавање на колективен имунитет и тоа не носи чекор поблиску до враќање на животот во нормала. Тој вели дека во зависност од епидемиолошката слика можно е да се воведат повторно рестрикции од есен или порано доколку тоа го налага состојбата.

„Не знаеме со сигурност како ќе се одвива кризата, доколку има нов бран наесен размислуваме да воведеме нови ограничувања, влез во затворени простории ќе биде со задолжителен сертификат за вакцинација” – изјави министерот Филипче во вестите на Канал 5.


Министерството за здравство сака да ја подигне свеста за вредноста на имунизацијата, и во иднина ќе продолжи посветено да работи на подигање на свеста за важноста на вакцината, а од средината на август започнува владината кампања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …