(ВИДЕО+ФОТО) Црквата сака Кипар да ја повлече песната за Евросонг бидејќи не и се допаѓа насловот

Кипарската православна црква и владата на таа земја се вклучија во спор околу песната што ќе ја претставува таа земја на Евровизија во мај, а во срцето на спорот е несоодветниот израз „ѓавол“.
Песната „Ел Диабло“, која е шпански збор за ѓавол, испеана од Елена Тсагриноу е под критика бидејќи зборува за ѓаволот, како што сугерира насловот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by E L E N A T S A G R I N O U (@elenatsagkrinou_official)


Во изјавата во вторникот вечерта, православната црква на Кипар ја повика владата да ја повлече песната, а владата одбила да го стори тоа.
Петицијата против песната била дигитално потпишана од повеќе од 16.000 луѓе.
Владата треба да го откаже учеството на таа песна во таква форма, објавила Црквата. „Заменете го тој израз со некој друг што ја одразува нашата историја, традиција и она за што се залагаме“, објавила Црквата.


Портпаролот на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес во средата наутро зборувал за ‘уметничката слобода’. Тоа е музички натпревар, ајде да не му даваме непотребна димензија“, рекол Викторас Пападопулос за кипарската TV Alphanews.
Во петокот, кипарската национална ТВ-мрежа (RIK) добила анонимни закани дека ќе бидат запалени нејзините седишта.
Државната телевизија тогаш објаснлаи дека песната не му оддава почит на ѓаволот, туку зборува за борбата меѓу доброто и злото и една млада жена која сака да се ослободи од лошата врска.

Автори на песната „Ел Диабло“ се Џими Торнфелд, Лорел Баркер, Окса и Томас Стенгард.
Оваа година Евровизија, која беше одложена минатата година поради пандемијата на коронавирусите, е предвидено да се одржи во холандскиот град Ротердам од 18. до 22. мај.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …