(ВИДЕО+ФОТО) Тие се победници на натпреварот „Никогаш не е доцна“ а меѓу нив е и Бобан Цаневски!

По 10. месеци борба на ветерани на големата сцена, стигнавме до највозбудливиот и најемоционалниот крај.
Финалната вечер ја одбележаа настапите на 12. величествени натпреварувачи, но статуите на победниците можеа да одат само во рацете на најдобрите.
По затворањето на гласањето, дојде време да се прогласат победниците.
Победник на овогодинешната сезона на популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, кое го избравте онлајн преку Фејсбук, е Дубравко Биондиќ Дуба.
Дуба освои 27.855 од вашите гласови.

This image has an empty alt attribute; its file name is nikad-nije-kasno-pobednici.jpg
„Ви благодарам на сите од се срце, на сите мои пријатели на Фејсбук“, рече победникот во солзи.
„И јас плачев кога ги освоив ‘Гранд ѕвездите’“, веднаш му даде поддршка Милица Тодоровиќ, подавајќи му ја победничката статуа и гушнувајќи го среде аплауз на публиката.
По прогласувањето на победникот на гласањето на Фејсбук, следеше прогласување на победникот преку СМС гласови.


This image has an empty alt attribute; its file name is boban-canevski.jpg
Ласкавата титула победник ја понесе Бобан Цаневски, кој освои дури 1892 ваши гласови.
Неверојатна среќа и шок следеше на лицето на Цаневски кога публиката го поздрави со огромен аплауз.
Жељко Самарџиќ му ја врачи победничка статуа со честитки.
Следеше гласање од стручно жири, а за победникот одлучија дури деветнаесет пејачи, меѓу кои Дејан Петровиќ, Тања Савиќ, Енес Беговиќ, Кики Лесендриќ, Урош Живковиќ, Тијана Дапчевиќ, Саша Матиќ, Неша Манојловиќ, Гоца Тржан, Халид Александра Младеновиќ, Миле Китиќ, Неда Украден, Шериф Коњевиќ, Калиопи, Бора Ѓорѓевиќ, Слаѓа Алегро, Шемса Суљаковиќ и Драган Којиќ Кеба.
На самиот крај добивме убедлив победник од стручното жири, Амер Ченгиќ, чиј изглед дефинитивно ја одбележа оваа сезона.


Фото: Принтскрин/PrvaTV

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …