(ВИДЕО+ФОТО) Талентираниот дизајнер на „Луј Витон“ починал на 42-годишна возраст после борба со ретка форма на карцином

Вирџил Абло, кој влезе во историјата како првиот афроамерикански креативен директор на познатата француска модна куќа „Луј Витон“, починал на 42-годишна возраст по долга и храбра битка со ретка форма на рак.

Големата надеж на модната индустрија водеше борба против агресивната форма на рак, срцевиот ангиосарком, далеку од очите на јавноста, а болеста била дијагностицирана во 2019 година.


View this post on Instagram


A post shared by @virgilabloh


– Сите сме во шок, Вирџил не беше само наш генијален дизајнер, визионер, туку беше и убава душа и мудар човек – се вели во соопштението на извршниот директор на „Луј Витон“, Бернард Арно.

Веста за неговата смрт предизвика шок и неверување на социјалните мрежи. Многу обожаватели се збогуваат со него, нарекувајќи го моден и културен трендсетер. Од талентираниот Вирџил Аблох се простија и пејачот Фарел Вилијамс и дизајнерот Марк Џејкобс. Тој беше креативен директор на брендот за улична мода Off-White, кој со задоволство го носеа Џастин Бибер, Тревис Скот и Кајли Џенер.

– Работеше неуморно додека поминуваше низ бројни исцрпувачки терапии. Со сето тоа, неговата работна етика, бескрајната љубопитност и оптимизам никогаш не го напуштија. Неговата мисија беше да ги отвори вратите за другите и да создаде пат за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Веруваме дека тоа ќе ги инспирира идните генерации, се вели во соопштението на неговото семејство.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …