(ФОТО) ЛЕГЕНДАТА НА ЛЕКУВАЊЕ – Се огласила сопругата на Мишо Ковач и открила се за неговата здравствена состојба

„Морам со радост да потврдам дека Мишо нема пневмонија“, вели Лидија Ковач
Во саботата навечер, по три дена неизвесност, се огласи Лидија Ковач – сопругата на Мишо Ковач (80), која преку соопштение ја опиша неговата здравствена состојба.


– Мојот Мишо пред неколку дена беше примен на пулмолошкиот оддел на КБЦ Сплит со дијагноза сомнителна пневмонија, која подоцна се покажа дека не е вистина, па со задоволство морам да потврдам дека Мишо нема пневмонија, се чувствува добро и ќе биде пуштен, по антибиотската терапија, дома – рекла Лидија и во име на сопругот им се заблагодари на сите за грижата.
Пред оваа објава, некои хрватски медиуми пишуваа дека легендарниот пејач има пневмонија и дека неговата состојба не е добра.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …