(ВИДЕО+ФОТО) Таа има 30, тој 60. Чекаат бебе, а коментарите на луѓето се сурови: „Детето нема да има татко“

ЛАРИ и Минди Микла од Флорида почнале да се забавуваат во 2015. година. Тие се запознале откако Минди доживеала сообраќајна несреќа и Лери, кој во тоа време бил полицаец, се појавил да и помогне. Тие набрзо се заљубиле и се венчале една година подоцна, и покрај тридецениската разлика во години.
30-годишната и 60-годишниот сега го очекуваат своето прво заедничко дете, но откако во декември ја споделија радосната вест на социјалните мрежи, се соочија со различни осудувачки коментари.
„Тоа дете нема да има татко за пет до десет години“, „Жално е што детето ќе порасне без татко“, „Изгледа како да е нејзиниот дедо“, „Ти си чуден и одвратен“, напишаале некои корисници на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Mindy Minx (@minxmindy)


Минди инаку собрала 265.000 претплатници на нејзиниот канал на YouTube, а видеата ги објавила една година пред да го претстави Лери на публиката. Таа веднаш забележала дека луѓето негативно гледаат на нејзиниот партнер поради разликата во годините.
„Многу луѓе не поддржаа, но почувствувавме и неверојатна омраза, која малку ме шокираше. Не бев подготвена за тоа”, изјавила Минди за Truly.


Реакциите се влошиле откако таа објавила дека е бремена.
„Луѓето мислат дека таквата одлука е себична, но смешно е што никој никогаш не ни пришол и не ни го кажал тоа во лице. Сите тие се воини зад тастатурите“, рекла таа.
Социјалните мрежи ги опишува како брутално и осудувачко место, а и покрај негативните коментари се труди да се фокусира исклучиво на позитивните.


View this post on Instagram

A post shared by Mindy Minx (@minxmindy)

„Многу е понижувачки што толку многу луѓе не ни посакуваат добро. Од друга страна, има многу луѓе кои велат дека уживаат во нашите видеа и дека сме им помогнале да поминат низ стресни времиња. Не снимаме содржини поради коментари, туку затоа што сакаме да го правиме тоа и да се поврзуваме со другите “, заклучила идната мајка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …