Џорџо Армани ја изостави музиката на својата ревија на модната недела во Милано, поради почит кон луѓето кои страдаат во украинскиот конфликт.
Манекенките прошетаа на модната писта во морничава тишина, прекината само од аплаузите на публиката.
View this post on Instagram
„Мојата одлука да не користам музика е донесена во знак на почит кон луѓето кои се инволвирани во трагедијата што се случува во Украина“, изјавил на почетокот модниот дизајнер.
View this post on Instagram
„Најдобро е да испратиме порака дека не сакаме да славиме бидејќи нешто многу вознемирувачко се случува околу нас“, додал Армани подоцна на крајот од шоуто.
Роден во 1934. година, Армани имал единаесет години кога завршила Втората светска војна. Тој доживеал страдање на европско тло, а толеранцијата, дипломатијата и елеганцијата што го отелотворуваат неговото животно дело се визии на умот кој доживеал ужаси што повеќето никогаш не можеле да ги замислат.
Што се однесува до самата ревија, Армани претстави колекција во која доминираат длабоките нијанси на тегет, зелените и сивите тонови.
View this post on Instagram
Блејзерите и панталоните беа најчесто видени парчиња, додека фигурата беше едноставна и елегантна. „Вог“ ги опишува креациите на Армани како „тивки и поетски“.
View this post on Instagram
Во февруари 2020. година, неговиот бренд стана првиот што откажа модна ревија поради ковид 19. Две години подоцна, тој уште еднаш ја покажа чувствителноста и одговорноста што ќе станат дел од неговото наследство во светот на модата.
Фото: Принтскрин/Instagram