Голем неуспех за власта е што нема поголем број на тестирања на корона. Оваа болест е сериозна и луѓето мора да знаат дека ги напаѓа и младите и старите, здравите и болните, богатите и сиромашните…
Познатната американска пејачка Пинк објавила дека е позитивна на коронавиус, и дека ќе донира милион долари за две служби за итни ситуации.
Пинк преку својот профил на Инстаграм наведе дека она и нејзиниот трогодишен син симптомите ги почувствувале пред две недели, па се тестирале.
Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство веќе се во куќна изолација и дека се негативни на коронавирус.
Добитничката на Греми се залага за слободно тестирање.
„Голем неуспех за власта е што нема поголем број на тестирања на корона. Оваа болест е сериозна и луѓето мора да знаат дека ги напаѓа и младите и старите, здравите и болните, богатите и сиромашните. Тестовите мора да им бидат достапни на сите, како би ги заштитиле нашите деца, семејството, пријателите и заедницата“, истакнала Пинк.