(ВИДЕО+ФОТО) Слатко, но без шеќер: Рецепт за десертна пита

Идејата е вкусна пита без шеќер
Потребно е:
2 големи јаболка
1/2 кг тенки кори
цимет
100 гр суво грозје
2 јајца
1 лажица гриз
200 мл. јогурт
50 мл масло
1/2 прашок за пециво


Подготовка:
Јаболките излупете ги и изрендајте ги. Додадете цимет и суво грозје и измешајте. Истурете јогурт во сад, додадете јајца, а потоа малку разматете со жица. Додадете лажица гриз, прашок за пециво, малку масло и сè изедначете.
Раширете една кора, па премачкајте ја со масло. Над неа ставете друга кора и намачкајте со масло. Ставете 3 полни лажици јаболка на работ, распоредете, свиткајте ги рабовите и цврсто завиткајте во ролна.
Подмачкајте го плехот за печење, па наредете ги ролатите. Исечете со ножици до посакуваните должини, а потоа прелијте со подготвениот прелив. Печете на 200 степени околу 50 минути.
Ако сакате, засладете … Крцкаво однадвор, а така сочно одвнатре. Пријатно!


Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Преподобен Јован

Преподобен Јован Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин …