(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ ВО АМСТЕРДАМ: Почнале да се лизгаат по каналите а ледот само делувал доволно цврст!

Група лизгачи во Амстердам беа спасени откако паднале во ладната вода откако се скршил мразот на кој тие лизгале.
Последните денови многу жители на Амстердам побрзаа на мразот за да се забавуваат, бидејќи каналите и водите во тој град се замрзнати.


Сепак, потоплите температури доведоа до слабеење и топење на мразот, што го зголеми ризикот од лизгање, предупредуваат властите.
Група лизгачи кои паднаа низ мразот го почувствувале тоа на нивната кожа. Минувачите користеле јажиња и стапови за хокеј за да ги извлечат лизгачите од водата. Некои ја ризикувале и сопствената безбедност за да ги спасат лизгачите од ладната вода.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …