(ВИДЕО+ФОТО) СКРОМЕН – ДОБИЛ ОСКАР, ПОТОА СЕ ВРАТИЛ ВО КАФУЛЕТО ДА РАБОТИ: Актер со Даунов синдром е НАЈСКРОМНА филмска ѕвезда! Сите му симнуваат капа!

„An Irish Goodbye” ја освои наградата Оскар за најдобар краток игран филм, а ѕвездата на филмот, Џејмс Мартин, останал невообичаено скромен и приземјен без оглед на освојувањето на златната статуетка.


Иако филмот доживеа огромен успех, Мартин по снимањето се вратил на својата работа во кафулето. Тој веќе некое време работи во Старбакс во Белфаст и покрај тоа што доживеа успех како актер, не ја сменил работата. Освен во Старбакс, Мартин работи и како готвач во италијански ресторан. Тој објаснил дека одлучил да остане на својата стара работа затоа што „убаво е да се остане приземјен и да им служиш на клиентите“ и затоа што таа работа ја работи долго време.


Мартин беше дел од еден од најтрогателните моменти на овогодинешното доделување на Оскарите. Имено, кога екипата на филмот „An Irish Goodbye“ излегла на сцената да ја прими наградата, продуцентот на филмот Том Беркли спомнал дека актерот слави роденден, а Џејмс потоа добил роденденска прослава за паметење. Сите луѓе во просторијата му пееле роденденска песна.

Инаку, Џејмс е роден со Даунов синдром, а неговиот татко Ајван Мартин по освојувањето на наградата открил дека лекарите му рекле дека можеби никогаш нема да проговори.
„Но, тука сме. Џејмс не само што зборува, туку и откако почна, не замолчи”, рекол неговиот татко за Би-Би-Си.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …