(ВИДЕО) Не е секогаш сè гламурозно: САЛМА ХАЈЕК по Оскарите јаде сендвич во откопчан фустан – Ова е реалноста!

Салма Хајек сподели со своите следбеници што направила по Оскарите…
Салма Хајек ја претстави реалноста на животот по Оскарите 2023 година, а не е се така гламурозно.
Актерката сподели видео како јаде во кујната по настанот, облечена во прекрасен црвен фустан покриен со светки. Кога се свртела, на видеото се гледа како целосно го откопчала фустанот на грбот, додека гризе сендвич.
– Среќна што го задржав гламот, но првото си е прво – напишала Салма во описот на видеото на кое ужива во сендвич.

Под видеото можете да видите многу коментари како: „Те обожаваме“, „Дури и нејзиниот грб е совршен“… На видеото се огласил и нејзиниот колега Антонио Бандерас, кој ставил емотикони како плаче од смеење.
Салма на доделувањето на Оскарите се појави во светло црвен фустан до подот покриен со многу светки, додека целиот долен дел од фустанот беше со реси во иста боја.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …