Откако претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека една од неговите ќерки на себе ја тестирала вакцината против вирусот корона, започнаа шпекулациите за тоа која ќерка е во прашање.
Марија Воронцова (35) е најстарата ќерка на Путин, а таа по професија е педијатриски ендокринолог, а сите очи се вперени кон неа, со оглед дека другата ќерка на Путин е танчерка.
Vladimir Putin says Russia has a coronavirus vaccine his and daughter has had it pic.twitter.com/RoIb9c3TYX
— The Sun (@TheSun) August 11, 2020
“Една од моите ќерки доби ваква вакцина. Во таа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден нешто над 37 и тоа е тоа”, рекол Путин на владината седница каде било објавено дека првата вакцина против ковид-19 е регистрирана во Русија.
Воронцова студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург, а дипломирала медицина на Универзитетот во Москва.
Таа е исто така советник на Путин за генетско инженерство.