Кога чувствувате непријатност, како што се прескокнување на чукањето на срцето, прободување и болка во градите, користете го овој народен лек…
Стресот е еден од најголемите предизвикувачи на срцеви заболувања. Современиот живот ни го диктира забрзаното темпо и многу стрес со кој се соочуваме, а во целата трка обично страда срцето. Овој народен еликсир може да ја ублажи аритмијата и да ја намали болката предизвикана од ангина пекторис.
За да се подготви ќе ви требаат:
10 свежи стебленца од магдонос (без корени)
1 литар домашно црвено вино
2 лажици вински оцет
300 гр природен мед
Подготовка:
Ставете 10 свежи стебленца од магдонос заедно со листовите во литар чисто природно вино и додадете 1-2 лажици чист вински оцет, а потоа варете 10 минути на тивок оган.
Потоа додадете 300 гр природен мед и оставете да се вари на тивко уште четири минути. Процедете го врелото вино за срцето и ставете го во шишиња што претходно се измиени со јак алкохол.
Талогот што ќе се формира не е штетен и може да се пие слободно.
Примена:
Пијалокот се користи секој ден,по 1. лажица додека не престане непријатноста. За посериозни болести, неопходно е да се користи подолг временски период.
НАПОМЕНА: Пред употребата на овој народен лек задолжително консултирајте се со лекар.