(ВИДЕО+ФОТО) Шварценегер го посетил Аушвиц: „Јас сум син на човек кој беше војник во нацистичката војна“

Арнолд Шварценегер во средата го посетил поранешниот нацистички логор Аушвиц во Полска и го повикал светот да се бори против омразата и дискриминацијата.


Актерот го посети нацистичкиот логор во Полска како дел од неговата работа со Фондацијата еврејски центар Аушвиц, која се обидува да едуцира против сите форми на омраза.
Арнолд уште во јуни доби награда од организацијата „Fighting Hatred“ за пораките против омраза на социјалните мрежи.

Како дел од своето патување, тој отишол во концентрационен логор од Втората светска војна, каде што запознал преживеан од Холокаустот, син на преживеан од Холокаустот и жена која како дете била подложена на експерименти од озлогласениот нацистички лекар Јозеф Менгеле.

По посетата ѕвездата на „Терминатор“ изјавила: „Ова е приказна која мора да остане жива, ова е приказна што мораме да ја раскажуваме повторно и повторно. Бев син на човек кој се бореше во Нацистичка војна и беше војник… Ајде заедно да се бориме со предрасудите и да ги искорениме еднаш засекогаш“.
Меморијалниот центар Аушвиц споделил серија твитови за настанот, вклучувајќи ја и пораката на актерот во книгата за гости – во која беше вклучен неговиот потпис заедно со неговата позната фраза од Терминатор „Јас ќе се вратам“.
Поради ова тој заработи голем број критики, а многумина коментираа дека и покрај тоа што не мислел ништо лошо, оваа фраза не е соодветна за ситуацијата и местото во кое се нашол.
Тие го окарактеризираа овој потег како „невкусен“ и „непримерен“.

„Ајде заедно да се бориме против предрасудите“
Шварценегер и претседателот на „Еврејскиот центар Аушвиц“, Симон Бергсон, син на Евреи кои го преживеале Холокаустот, се пример дека предрасудите веќе можат да се избришат во следната генерација.
„Тој (Бергсон) е роден по Втората светска војна во прекрасно еврејско семејство, а јас сум син на човек кој беше војник во нацистичката војна“, изјавил Шварценегер за новинарите. „Ние сме втора генерација – и заедно се бориме против предрасудите, омразата и дискриминацијата“.

Повеќе од 1,1 милион луѓе, главно Евреи, умреле во гасни комори или од глад, болести и студ во Аушвиц, логор основан од нацистите во окупирана Полска за време на Втората светска војна.
Шварценегер му оддаде почит на „Ѕидот на смртта“ каде германските војници убиле бројни затвореници и на споменикот на жртвите во логорот Биркенау. При посетата се сретнал и со Лидија Максимович, која во тој камп била донесена како тригодишно дете.

This image has an empty alt attribute; its file name is svarceneger-vo-ausvic-1.jpg
„Луѓето како неа ни помагаат никогаш да не престанеме да зборуваме за она што се случи овде пред 80. години… Таа приказна мора да остане жива“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …