(ВИДЕО+ФОТО) Шерон Стоун денес полни 63. години а и понатаму би можела да игра во „Ниски страсти!“

Американската актерка, продуцентка и поранешна манекенка Шерон Стоун денес наполни 63. години.
Таа ги освои срцата на публиката во филмот „Ниски страсти“ а таа улога не била ниту наменета за неа. Пред неа, улогата била одбиена од многу познати актерки, како што се Џулија Робертс, Мег Рајан, Мишел Фајфер, Џина Дејвис, Елен Баркин, Деми Мур.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Улогата првично била наменета за Ким Бесинџер, на барање на Мајкл Даглас, кој ја играше главната улога, детективот Ник. Бесинџер веќе беше позната по улогата во филмот „Девет и пол недели“. Таа ја одбила улогата, како и останатите актерки кои беа наведени, бидејќи имало премногу голотија.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Инаку, повеќе од два милиони луѓе ја следат на Инстаграм денес, а таа сподели видео на кое отвори кутија со своите книги со нејзината мајка. Тоа е првата книга што ја напиша, и таа ја намени, како што рече самата, „за оние кои се повредени и ранети, борци и победници, книга што ги слави женската сила и отпор“. Погледнете на видеото од Инстаграм како изгледа денес хероината на „Ниски страсти“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …