(ФОТО) Му одземале Ламборџини бидејќи не плаќал патарина!

Минатиот викенд полицијата запленила скапоцен Ламборџини.
Станува збор за Aventador SV кој чини повеќе од 350.000 евра, кој полицијата го запленила заради даночен прекршок. Полициски службеници во необележан BMW X5, патролирајќи по патот на Островот Вајт, забележале скап Lamborghini Aventador SV. На возачот му бил даден знак да застане настрана за да ги проверат документите.
Наскоро морале да го запленат автомобилот. Имено, сопственикот на Aventador SV не платил патарина од минатиот август, како што објави Yahoo News, што претставува сериозен прекршок. Патарината зависи од емисијата на издувни гасови, а најскапата тарифа е 2175 GBP за првата година и 150 GBP за секоја наредна година. За возила поскапи од 40.000 фунти, што дефинитивно го вклучува овој Ламборџини, сопственикот требал да плати дополнителни 325 фунти годишно. Кога сето тоа ќе се собере, сопственикот на ова Lamborghini должел 475 фунти.


Сопственикот ќе мора да го плати целиот долг и каната и дури после потврдата за уплата ќе му биде вратен автомобилот.

Скриншот: Isle of Wight Police/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …