(ВИДЕО+ФОТО) Принцот Вилијам прв пат во јавност, после интервјуто, одговорил на обвинувањата за расизам!

ПРИНЦОТ Вилијам за време на неговото прво излегување во јавност, псоле интервјуто со неговиот брат и Меган Маркл, ги коментирал обвинувањата за расизам.
„Ние навистина не сме расистичко семејство“, изјавил Вилијам пред новинарите за време на посетата на едно училиште со неговата сопруга Кејт Мидлтон.
На прашањето дали веќе разговарал со Хари по интервјуто со Опра, тој одговорил дека не разговарал.


„Сè уште не разговарав со него, но имам намера“, рекол Вилијам.
Да потсетиме, за време на интервјуто Меган Маркл рече дека некои членови на кралското семејство изразиле „загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на Арчи кога ќе се роди“, но таа не сакала да открие кој ја покренал темата. Досега е познато дека тоа не беа кралицата Елизабета и принцот Филип.
Опра Винфри подоцна го прашала принцот Хари за разговорите што ги водел со кралското семејство за Арчи додека Меган била бремена или за загриженоста за бојата на кожата на момчето.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


“Никогаш нема да го откријам тој разговор. Беше непријатно и бев шокиран”, рекол тој.
Кралицата на овие обвинувања одговори со официјално соопштение во кое, меѓу другото, напиша дека семејството „многу сериозно ги сфатило овие проблеми“ и дека ќе ги решаваат приватно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RoyalTeaWithJam (@royalteawithjam)

Елизабета исто така најави дека ќе води приватни разговори со членовите на поширокото кралско семејство, вклучувајќи ги Чарлс, Камила, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и други, пишува Daily Mail. Кралицата Елизабета се чини дека решила да открие кој се грижел за бојата на кожата на Арчи, синот на Меган и Хари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …